Лорис поради пијанството ќе ја загуби капитенската лента во Тотенхем

Францускиот голман Хуго Лорис ќе ја загуби капитенската лента во Тотенхем, откако беше приведен од полицијата во Лондон поради возење во пијана состојба. Тој во раните утрински часови на 24 август заврши во полициска станица, а на 11 септември ќе мора да се појави и пред Судот, поради возење под дејство на алкохол. Ваквото негово однесување е неприфатливо за раководството на Тотенхем, па тој речиси сигурно ќе ја загуби капитенската лента.

Нов предводник на „спарси“ ќе биде Хари Кејн, кој е капитен и на англиската фудбалска репрезентација.  Се очекува да биде и официјално потврдено од клубот во наредните неколку дена.

Се вчитува...