Лос Анџелес последен патник на Светското клупско првенство

Пачука ќе игра на клупското светско првенство, а за испразнетото место, создадено со исклучувањето на Леон, утрово бараж натпревар одиграа американскиот Лос Анџелес и мексиканскиот Клуб Америка.

Лос Анџелес, чии играчи се Уго Лорис и Оливие Жиру, победи со 2:1 по продолженијата како домаќин.

Клуб Америка беше на дофат од пласман на СП, бидејќи водеше со 0:1 до самиот крај со голот на Брајан Родригез од пенал во 64-тата минута.

Сепак, Игор Жежус го донесе израмнувањето и продолжението во 89-тата минута.

Буанг го постигна голот за големиот триумф на Лос Анџелес во 115-тата минута, по асистенција на легендарниот Французин Оливие Жиру.

Лос Анџелес ќе игра во групата Д на Светското првенство, со Фламенго од Бразил, Есперанс од Тунис и Челси од Англија.

Се вчитува...