Лос Анџелес во паника: Дончиќ ќе паузира најмалку…

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ нема да биде дел од натпреварот против Феникс кој е закажан за вчерта помеѓу вторник и среда поради повреда.

Асот на Лос Анџелес Лејкерс заработи повреда во градското дерби со ЛА Клиперс добивајќи удар во ногата од страна на Србинот Богдан Богдановиќ по што мораше да го напушти теренот на крајот на втората четвртина и повеќе не се врати во игра.

Најдобриот стрелец во НБА лигата се жали на болки во листот на левата нога па ќе биде „поштеден“ најмалку за натпреварот против Феникс, а неговата здравствена состојба дополнително ќе биде проценета за следните натпревари.

Се вчитува...