Лос Анѓелес нема да гради нови објекти за ЛОИ 2028, ќе има пет нови спортови

Домаќините на ЛОИ 2028 во Лос Анѓелес планираат пет нови спортови, крикет, лакрос, бејзбол/софтбол, сквош и флег фудбал на следните олимписки игри во САД.

Од програмата ќе биде исфрлен брејкденс, но повторно ќе има спортови за кои поголемиот дел од јавноста не се согласува да бидат на ЛОИ.

Третите олимписки игри во Лос Анѓелес во историјата ќе траат од 14 јули до 30 јули 2028, при што медалите ќе се доделуваат во повеќе од 800 настани во над 50 олимписки и параолимписки спортови.

Организаторите велат дека нема да се гради ниту еден нов објект за овие ОИ. Место тоа, ќе бидат искористени десетици постоечки објекти, како стадионот на фудбалскиот клуб Галакси и повеќенаменскиот стадион „Меморијал колисеум“, на кој ќе се одржуваат атлетските натпреварувања исто како во 1932 и во 1984 година.

За разлика од Париз, натпреварите во одбојка на плажа навистина ќе се играат на плажа, а некои објекти ќе бидат прилагодени. Така стадионот „Софи“ во предградието Инглвуд ќе биде претворен во пливачка арена со додавање на атрактивен базен. Студентските домови на Универзитетот Калифорнија ќе бидат претворени во олимписко село и ќе обезбедат капацитети за тренинзи.

Последните проценки велат дека буџетот на Олимписки игри би требало да изнесува седум милијарди долари.

Се вчитува...