Лоша вест за „нероаѕурите“ – Два натпревара суспензија и парична казна за дивеењето на Конте

Антонио Конте го покажа својот темперамент против Удинезе, а не промисленото однесување против „зебрите“ ќе го чини Италијанецот два натпревара суспензија и парична казна од 20 илјади евра, одлучија наделжните органи на италијанскиот фудбал.

Одлуката е оправдана со оглед на тоа што италијанскиот стручњак беше избркан од теренот во првата минута од судиското продолжение поради неговото контантно и уведливо протестирање, и по предупредувањето од главниот судија на мечот, а изливите на бес на Конте продолжија и во тунелот.

И покрај оваа одлука, Конте ќе го предводи својот состав на денешното дерби против Милан во Купот на Италија, но нема да биде присутен на клупата на претстоечките натпревари против Беневенто и Фиорентина.

 

Се вчитува...