Лош биланс на македонските тимови против бугарските – пет дуели, и пет елиминации

Македонските екипи имаат само елиминации кога играле против тимови од Бугарија во евроспките натпреварувања. Досега во Македонија гостувале Левски, ЦСКА Софија, двапати Локомотив Софија и еднаш Черно Море од Варна. И сите тимови успевале да ги минат своите ривали од нашата земја.

Првиот меч на македонски и бугарски екипи се одигра во тогашниот Куп на УЕФА, кога во 2006 година се сретнаа Македонија ЃП и Локомотив Софија. На гостински терен „лавовите“ беа поразени со 2-0, а дома беше 1-1, по што тимот од Софија го продолжи натпреварувањето.

Следната година во Интер-тото Купот Македонија ЃП беше елиминирана од Черно Море Варна со вкупни 7-0 (4-0 и 3-0).

Во сезоната 2011/12 Металург Скопје во Лигата на Европа се падна со Локомотив Софија. Откако беше без победник во Скопје, на гости во Софија во контроверзен натпревар, „Локосите“ победија со 3-2, и така се пласираа во следната рунда.

Во Лигата на Конференции во сезоната 2022/23, Македонија ЃП налета на ЦСКА Софија. И беше елиминиран тимот од Ѓорче Петров со поразот од 4-0 во Софија (на домашен терен беше 0-0).

Последниот дуел меѓу македонски и бугарски тимови беше во сезоната 2023/24 во Лигата на Конференции. Шкупи за противник го доби тимот на Левски, и беше поразен во двата меча со 0-2 и 0-1.

Вечерва Шкендија го пречекува Лудогорец во плеј-офот во Лигата на Европа, и шанса да се „скрши малерот“ и да се дојде до првата победа воопшто на еден македонски тим во дуелите со екипи од нашиот источен сосед.

Се вчитува...