Лош губитник: Енрике удри фудбалер на Челси по последниот свиреж на финалето (видео)

Неверојатна случка го одбележа крајот на финалето на клупскиот мундијал во САД откако тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го удри напаѓачот на Челси, Бразилецот Жоао Педро.

Педро беше во конфликт со голманот Донарума и со Ашраф Хакими кога Енрике најпрвин влезе во вербална пресметка со противничкиот фудбалер, пред да замавне кон него. Ударот не беше пресилен, но Педро падна како покосен и нема никаков сомнеж дека Енрике ќе биде жестоко казнет за своето однесување.

За тренер со толкаво искуство, чиј тим доминираше во последните месеци, апсолутно непотребен инцидент со кој Енрике и неговите избраници јасно покажаа дека мора да научат една лекција – да се биде голем и во поразите како што е тоа случај при победите.

Се вчитува...