Серџо Консеисао беше бесен по елиминацијата на Порто во драматичната завршница против Интер, кога португалскиот стратег покажа дека нема чувство за фер-плеј одбивајќи да се поздрави со Симоне Инзаги.
По завршниот свиреж на судијата „нероаѕурите“ го славеа пласманот во четвртфиналето, но Инзаги пријде за да се поздрави со својот ривал, останувајќи зачуден кога тој одби да му подаде рака.
Инзаги и Консеисао се и поранешни соиграчи од времето кога како фудбалери настапуваа за Лацио, со што ваквиот гест на Португалецот уште повеќе добива на тежина.
За да се биде голем тренер, треба да се остане голем и кога се губи, лекција што Консеисао дефинитивно уште ја нема научено…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

