Лош и полош: Исак го победи Ѓокереш во трката за најдобар фудбалер на Шведска

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, беше избран за најдобар фудбалер во Шведска во 2025 година.

Исак ја освои Златната топка (Guldbollen), награда што Шведската фудбалска асоцијација во соработка со весникот „Aftonbladet“, ја доделува на најдобриот играч на крајот од годината.

Во трката за оваа награда, Исак го победи напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш, кој ја доби наградата една година претходно како фудбалер на Спортинг Лисабон. Треба да се напомене дека Исак ја доби наградата најмногу благодарение на неговите настапи и голови во дресот на Њукасл во првата половина од годината, а и тој и Ѓокереш не се снаоѓаат најдобро во своите нови клубови.

Се вчитува...