Капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ имаше малерозен крај на годината, во која го следеа повреди поради кои мораше и предвреме да го заврши Евробаскетот.
На вчерашниот натпревар на неговиот тим ЛА Клиперс против Портланд, мораше да го напушти паркетот по само 96 секунди, откако се пожалил на болки во колкот. Поради таа повреда веќе пропушти многу натпревари сезонава, а очигледно дека не се опоравил во целост.
Стручниот штаб на тимот од Калифорнија не сакаше да ризикува, па поради тоа Богдановиќ имаше мала минутажа со надеж дека реакцијата е на време. И покрај неговото отсуство, Клиперси стигнаа до трета победа во низа, и девета во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

