„Лош момент, лош натпревар, катастрофални грешки и епилогот беше неминовен!“

Македонскиот селектор Благоја Милевски сосема очекувано беше длабоко разочаран од убедливиот пораз на националниот тим од Велс во последното коло од квалификациите за пласман на СП 2026.

Милевски истакна, на прес-конференцијата по мечот, дека се случи лош момент, лош натпревар за истиот оној тим кој не радуваше изминативе две години, а сега разочарувачки катастрофални

„Сакам да му честитам на Велс за одличната претстава, ние бевме немоќни да одговориме на нивната игра, потфрливме целосно и тие сосема заслужено дојдоа до ваков триумф. Сакам да им честитам на нашите момци за се што направија во овој квалификациски циклус, и за овие две изминати години, но начинот на кој го доживеавме овој пораз навистина ме боли многу повеќе од самиот пораз“ – рече Милевски во Кардиф, и дополни:

„Мислам дека перформансот на противникот, посебно на нивната трка на индивидуален план, на физичка подготовка, и во еден таков случај епилогот беше неминовен. Ние бевме далеку под нашето ниво во однос на претходните натпревари, со многу индивидуални грешки направени токму на овој меч, иако филозофијата на игра беше иста како и на претходните 14 натпревари на кои не доживувавме пораз. Одговорноста секако за овој пораз, на ваков начин, е моја затоа што јас стојам пред овој тим и ја носам секоја одлука“.

Се вчитува...