Луис Хамилтон имаше неочекуван старт на авантурата како член на Ферари, откако трофејниот возач го демолираше болидот на италијанскиот тим на второто тест возење што беше организирано во Барселона.
Хамилтон заедно со Леклер тестираа на болидот од ланската сезонава, кога Британецот загуби контрола и се удри во заштитната ограда. Тој мина без посериозни повреди, но болидот бил значително отштетен.
Тој мина 89 круга при првото тестирање на болидот, но денешниот обид беше далеку понеуспешен. Челниците на Ферари наредиле истрага за да се утврдат причините за инцидентот, за доколку станува збор за технички проблем истиот да биде отстранет пред промоцијата на новиот болид на италијанскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА