Среќата не и беше наклонета на Лина Ѓорческа при денешниот ждреб за квалификациите за Вимблдон, па најдобрата македонска тенисерка на стартот ќе се сретне со првата носителка од овие квалификации, Србинката Александра Круниќ. Станува збор за 24-годишна српска тенисерка, моментно на 99. место на ВТА-листата, која е редовен учесник на последните пет гранслем турнири. Круниќ лани стигнала до третото коло на Вимблдон, што е нејзин најдобар успех на гранслем натпреварувањата.
Проблем за Ѓорческа е и недоволниот тренинг на трева, со оглед на нарушените планови за порано заминување за Англија, поради компликациите со добивање на виза. Во секој случај, нема никаков сомнеж дека Македонката што даде се од себе за да приреди изненадување и да стигне до главниот турнир, за кој и се неопходни три победи во низа во овие квалификации.
Дуелот меѓу Круниќ и Ѓорческа на програмата ќе биде во текот на утрешниот ден, а победничката од овој дуел во втората квалификациска рунда ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Американката Колинс и Срамкова од Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА