Денвер Нагетс убедливо загуби од Хјустон Рокетс со 115-101 изминатава ноќ. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра лоша партија, непрепознатлив особено во првото полувреме откако брзо се заглави во проблеми со лични прекршоци.
Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, но само со шут од 9/20 од поле… Исто така, имаше седум скока, пет асистенции и пет изгубени топки, како и пет прекршоци.
Хјустон си дојде до уште една победа благодарение на одличниот Кевин Дурант, кој имаше 31 поен, 6 скока и 5 асистенции, додека феноменалниот Рид Шепард постигна 28 поени, со 5 асистенции, а Џабари Смит имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока.
Што се однесува до играчите на Денвер, покрај Јокиќ со 25 поени, Џамал Мареј заврши со 16 поени, Брус Браун имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока, а Валанчиунас имаше 10 поени.
Денвер водеше само еднаш во првата четвртина, а Хјустон имаше водство од 20 поени во еден момент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

