Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди се уште нема да може да се приклучи на тренинзите на националниот тим откако и денешниот негов тест на Ковид-19 е позитивен.
И покрај тоа што Барди нема никакви симптоми, се уште е позитивен на коронавирусот па останува во карантин во хотелот „Хилтон“ без било каков контакт со останатите членови на репрезентацијата.
Македонската репрезентација во вторник (8. јуни) заминува за Букурешт, а до тогаш, најверојатно во понеделник Барди ќе прави и нов тест, кој доколку биде негативен, ќе патува се селекцијата на ЕВРО 2020.
Македонија првиот натпревар на Европското првенство го игра на 13. јуни против Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА