Лоша вест од Аргентина: Марадона мора на операција на мозокот!

Состојбата на Диего Армандо Марадона воопшто не е наивна како што утринава изјави неговиот личен лекар, откако вечерва се појавија информации дека врз фудбалската легенда ќе мора што поскоро да биде извршен хируршки зафат на мозокот.

Откако утрово беше демантирано дека Марадона претрпел мозочен удар и поради тоа итно бил пренесен во болница, најновите информации говорат дека состојбата на Аргентинецот е сериозна.

„Врз Диего Армандо Марадона ќе мора што поскоро да биде извршена операција. Тој има хематом на мозокот, што мора хируршки да биде отстранет“, пишуваат аргентинските медиуми.

Се вчитува...