Македонскиот репрезентативец и член на Пјаст Гливице, Тихомир Костадинов го чека долга пауза, откако на натпреварот со Горник Лечна ги скинал лигаментите на коленото. Костадинов на споменатиот натпревар влезе на полувремето, и излезе во 77. минута.
Тоа е лоша вест за селекторот Благоја Милевски, со оглед дека Костадинов е неизоставен дел за националниот тим, и тоа значи дека ќе го нема за јунските натпревари од Лигата на Нации против Бугарија, Гибралтар два пати и Грузија од 2 до 12 јуни.
Костадинов за ЕКИПА ја потврди веста. Сега го чека операција и долга пауза, од околу 5-6 месеци. Се очекува да се врати некаде на почетокот на идната сезона.
Костадинов во Пјаст дојде во зимскиот преоден рок од таборот на Ружомберок. За селекцијата на Македонија одигра 19 меча, а беше дел и од селекцијата на последниот бараж натпревар за пласман на СП против Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

