Лошите вести за Микел Артета и Арсенал продолжуваат. Вилијам Салиба има болки во ногата и сега е на медицински тестови, по што ќе знае повеќе за неговата состојба.
Од друга страна, здравствената состојба на Еберечи Езе е позната и тој ќе отсуствува од теренот најмалку еден месец. Тој не беше ниту во протоколот за финалето на Лига купот, а како што стојат работите сега, селекторот на Англија, Томас Тухел, нема да може да смета на него на репрезентативната пауза.
Сето ова е лоша вест за менаџерот на Арсенал, Микел Артета, бидејќи најважниот дел од трката за титулата сега е пред нас и финишот на сезоната во кој многу пати во историјата „топчиите“ останувале без титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

