Лоши вести за германскиот првак Баер Леверкузен пред продолжение на сезоната. Крилниот напаѓач Амин Адли ја скрши фибулата и ќе паузира до крајот на годината. 24-годишниот играч се повреди на натпреварот со Брест во Лигата на шампионите.
Мароканецот денеска треба да биде опериран, и ќе паузира најмалку до јануари 2025 година, кога се очекува да влезе во тренажен процес.
Баер Леверкузен одигра нерешено 1-1 против Брест. Во сабота тимот гостува во Бремен, на екипата на Вердер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА