Лоша вест за Баерн Минхен: Повредата на Дејвис е сериозна

Повредата на левиот дефанзивец на Баерн (Минхен) е посериозна од очекуваното, пренесуваат „Билд“ и Скај Германија. Канадскиот бек заработи повреда на тетивата непосредно пред паузата и беше принуден да биде заменет за натпреварот на Баварците со Феенорд , кој заврши со тежок пораз од 0-3.

Се очекуваше дека повредата на Дејвис ќе го оддалечи само недела-две, но новите тестови покажаа дека неговата повреда е посериозна и тој ќе паузира 4-6 недели.

Ова значи дека играчот сигурно ќе го пропушти евентуалниот прв натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите на 11/12 февруари, кој најверојатно ќе мора да го поминат Баварците. Сосема е можно Дејвис се уште да не се опорави за важното гостување кај Баер Леверкузен на 15 февруари, како и за реваншот од плеј-офот за ЛШ.

Се вчитува...