Барселона чекори кон титулата во Примера, но каталонците не кријат дека приоритет во наредните два месеци ќе им биде да стигнат и до трофејот во Лигата на Шампионите.
Само што постои еден огромен проблем, Барса е на работ на елиминација откако го загуби првото четвртфинале со Атлетико, на домашен терен со 0-2. Црвениот картон на Кубарси беше клучен момент, Барса потоа прими два гола со играч помалку, но избраниците на Ханси Флик се максимално мотивирани на гостински терен, во мадридскиот пекол да возвратат со иста мера.
Проблем плус за Барселона е што на голот на Атлетико за овој клучен меч се враќа Јан Облак. Мусо бранеше добро на првиот дуел, ја сочува мрежата незатресена, но за Симеоне нема дилема, Облак е голман број 1 и кога е здрав, Словенецот е командант на одбранбената линија на својот тим.
Искусниот чувар на мрежата ги надмина проблемите со повредата, денеска тренираше со остатокот од тимот, по што речиси сигурно е дека тој ќе биде задолжен за чување на мрежата на реваншот закажан во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

