Ханси Флик никако не може да крене глава од проблеми со повредени играчи во Барселона, откако германскиот стратег денеска остана без помошта на клучниот играч во средниот ред.
Педри се пресели на листата на повредени фудбалери откако шпанскиот репрезентативец заработи незгодна повреда на мускулот. Тој секако немаше да настапи на наредниот дуел со Eлче, но информациите од Шпанија говорат дека повредата не е нималку наивна и Педри сигурно ќе паузира до крајот на ноемвриската репрезентативна пауза.
Тој нема да настапи ниту против Бриж во ЛШ, како и на гостувањето против Селта во Виго, а во најдобар случај за Барселона би се вратил веднаш по репрезентативната пауза, за домашниот дуел со Атлетик Билбао закажан за 22 ноември.
Во меѓувреме, добра вест за Флик е што првиот голман Жоан Гарсија се врати на тренинзите заедно со Левандовски и со Дани Олмо, но тешко е да се поверува дека ова трио би можело да се врати на терените викендов против Елче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

