Лоша вест за Далас: Се повреди Лука Дончиќ

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објави „ESPN“. Тој ќе паузира најмалку една недела. 

Словенецот сезонава играше на 14 од 15 мечеви на Маверикс, а го пропушти само против Оклахома пред четири дена. Играше потоа против Њу Орлеанс, и постигна 41 поен.

Оваа сезона Дончиќ имаше нешто помали проценти во однос на учиникот во кариерата. Досега забележа во просек 28,1 поен.

Се вчитува...