Лоша вест за македонскиот шампион Пелистер во обидот да дојде до место во следната фаза од Лигата на шампионите. Најголемиот конкурент за шестата позиција на табелата во Групата А, полската Висла Плок триумфираше во 12. коло против Фуксе Берлин со 32-27.
Полјаците целосно доминираа на натпреварот уште од стартот наметнувајќи победнички ритам, па првото полувреме го добија со 19-11.
Во вториот дел се продолжи во ист стил за конечна победа. Чехот Пирох со десет постигнати гола беше најефикасен во победничкиот тим.
Пелистер вечерва од 20:45 часот во Битола ја пречекува екипата на Динамо Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

