Фудбалерот на Ливерпул, Адам Лалана, ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните триесетина денови, откако заработи повреда на бутниот мускул на квалификацискиот натпревар меѓу Англија и Литванија (2-0). Тој го одигра целиот натпревар за гордиот Албион, но потоа почувствува силни болки, а деталните лекарски прегледи покажаа истегнување на мускулот. Тоа значи дека Лалана нема да може да му помогне на Ливерпул на саботното дерби против Евертон, како и на натпреварите во наредниот период.
Ова секако е лоша вест за менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп. Ливерпул се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а моментно се наоѓа на четвртата позиција со 56 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА