Играчот на француската репрезентација и член на ПСЖ Усман Дембеле, ќе паузира најмалку шест недели по повредата која ја заработи на мечот против Украина во квалификациите за Мундијалот идната година.
Според француските медиуми, повредата на Дембеле не е наивна, и ќе мора да паузира најмалку месец и пол. Тоа значи дека ако се биде како што треба, Дембеле се очекува да се врати на натпреварите некаде кон втората половина на октомври.
Исто така и вториот играч на ПСЖ, Дезир Дуе кој исто така ја напушти играта поради повреда, нема да биде на располагање на тренерот Енрике околу 10 дена, односно ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во ЛШ против Аталанта.
Дополнителен проблем за ПСЖ е тоа што и тренерот Луис Енрике вчера ја скрши клучната коска по пад со велосипед и веднаш беше подложен на операција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

