Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го забележа и вториот пораз во АБА 2 сезонава откако вечерва на домашен терен беше поразен од Хелиос Домжале со 70-72.
Натпреварот почна израмнето па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 17-17. Гостите беа за нијанса подобар противник во вториот период па на пауза заминаа со позитива од четири поени (30-34).
Македонскиот шампион во мечот најдобро ја одигра третата четвртина која ја доби со двоцифрена предност, па во последниот период влезе со позитива од шест поени (55-49). Сепак, следуваше голем пад на нашаиот тим кој гостите го искористија на најдобар можен начин и со фуриозна последна четвртина успеаја да стигнат до конечен триумф од 70-72.
Брендон Слај со 20 поени беше најпрецизен во таборот на македонскиот шампион, додека кај гостите Ловро Урбија постигна 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА