Манчестер Сити продолжува со „жетвата“ на трофеи. После освоените Премиерлига, ФА Куп и Лигата на шампиони, новата сезона тимот на Пеп Гвардиола ја почна со освојување на пехарот во Комјунити Шилд. Во финалниот меч на Вембли, „граѓаните“ го совладаа тимот на Арсенал по изведувањето на пенали, откако регуларниот дел заврши без победник 1-1.
После неколкуте шанси на „топчиите“ во првиот дел преку Хаверц, сепак, голманот Ортега успеа да ја сочува мрежата на својот тим. Во вториот дел Сити одигра далеку подобро, а Палмер во 77. минута го постигна голот за водство Палмер го замени Халанд во 64. минута, и се покажа како вистински „џокер“.
Но, Сити не успеа да издржи. Во судиското надополнување, Тросар со мала помош на Аканџи погоди за Арсенал и така го одведе натпреварот во пенали.
Де Брујне промаши во првата серија погодувајќи ја пречката, откако претходно Одегард успеа да стрела во мрежата на Сити. Во втората серија беа успешни и двата стрелци Тросар и Силва. Сака мирно ја отвори третата серија со гол, а Рамсдејл го одбрани ударот на Родри. Виеира стрелаше во мрежата за конечен триумф на „топчиите“ од 4-1 во пенал серијата.
За Сити дебитираше Ковачиќ, додека го немаше Гвардиол. За Арсенал, пак, играа новите имиња Рајс и Каверц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

