Легендарниот Грег Попович најверојатно нема да се врати на клупата на Сан Антонио Спарс до крајот на сезоната, а неизвесно е дали воопшто ќе може да ја продолжи и тренерската кариера од следната сезона.
ЕСПН пренесува дека Попович се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во ноември. Неговата иднина останува неизвесна, оттогаш е надвор од тимот на неодредено време, а информациите за неговата состојба се многу ограничени.
Најновата вест е дека легендарниот тренер работи на своетот опоравување, но ставот на лекарскиот тим е дека не треба да се враќа на кошарката.
San Antonio Spurs’ Hall of Fame coach Gregg Popovich is not expected to return this season, and his future is uncertain as he recovers from a mild stroke suffered in November, league sources tell ESPN. pic.twitter.com/EekHlDa8NI
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 23, 2025
Ова е уште еден тежок удар за Спарс оваа недела, откако веќе го загубија центарот Виктор Вембањама во остатокот од сезоната поради длабока венска тромбоза на десното рамо.
Со 76 години и во својата 29-та сезона како тренер на Спарс, Попович е највозрасниот и најдолготраечки тренер во НБА лигата.
Тој беше петкратен шампион во НБА, го држи рекордот за најмногу победи во историјата на лигата, три пати беше прогласен за тренер на годината и примен е во Куќата на славните во 2023 година.
Сан Антонио моментално има скор од 24-30 и малку можности да се бори за место во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

