Лоши вести: Пеле е во критична состојба, семејството почна да се собира…

Големата фудбалска легенда Пеле ја губи најважната битка, откако од Бразил стигнуваат информации за ново влошување на состојбата на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

82-Годишниот Пеле повеќе од дваесет дена се наоѓа во болницта „Алберт Ајнштајн“, лекарите пред неколку дена соопштија дека ракот прогресирал во телото на Бразилецот, a од доцна синоќа дел од медиумите објавуваат дека Пеле веќе не може ниту да зборува.

Крајот на легендата се ближи, па така и членовите на неговото семејство кои живеат надвор од Бразил почнале да се враќаат назад во татковината, за да бидат крај кралот на фудбалот во последните денови од неговиот живот.

Се вчитува...