Лоши вести за Анчелоти и Реал: Куртоа најмалку две недели надвор од терените

Шампионот на Европа и Шпанија Реал Мадрид остана без својот прв голман Тибо Куртоа, а лекарите велат дека ќе отсуствува најмалку две недели, поради повреда на грбот.

Ваквата вест ја потврдија и шпански медиуми иако од „кралскиот клуб“ не го објавија точниот период на рехабилитација.

Куртоа не бранеше синоќа во првиот кикс после девет победи по ред на Реал, па на голот стоеше Андреј Лунин и повредата на белгиската ѕвезда доаѓа во лош период на згуснат распоред со мечеви во Ла Лига и ЛШ со двомечот против Шахтер Доњецк.

Но, тоа што најмногу ги загрижива на „Сантјаго Бернабеу“ е фактот дека Куртоа засег виси за супердербито со Барселона, „ел класико“ кое со нетрпение се очекува во светот, а е закажано за 16 ноември од 16.15 часот по македонско време.

Куртоа се жалел веќе неколку дена на болки во грбот откако се вратил од репрезентативните обврски во изминатите две недели со завршницата во Лигата на нации.

Се вчитува...