Арсенал можеби ќе мора без еден од нивните најважни играчи – Букајо Сака – во најтешкиот период од годината. Во саботата, англискиот интернационалец беше заменет во 24. минута од натпреварот со Кристал Палас, откако се фати за десната нога. Сака по мечот го напушти Селхурст Парк со помош на патерици, а менаџерот на „топчиите“ Микел Артета не криеше дека е загрижен за состојбата на својата голема ѕвезда.
Клубот допрва треба да објави официјална информација за повредата на крилниот напаѓач, но според Дејли Мирор, Сака би можел да пропушти до шест недели. Во тој период, Арсенал има натпревари против Ипсвич, Брентфорд, првото полуфинале на Карабао купот против Њукасл, натпревар од третото коло во ФА Купот против Манчестер Јунајтед, како и последните две кола од главната фаза во Лигата на шампионите.
„Тајмс“ не прецизираше точна временска рамка, но предвиде и дека Сака ќе биде надвор од теренот „неколку недели“. За крилниот фудбалер и дефинитивно е завршена годината, а според пронозите би требало да се врати некаде кон почетокот на февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА