Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин Ле Норман заработи повреда на мозокот од удар што го доби на натпреварот против Реал Мадрид, соопштија од клубот.
Дефанзивецот се повреди на мадридското дерби кога доби удар во главата, и не е познато кога ќе се врати на терените.
„Робин Ле Норман доживеа тежок удар во главата во последните минути од дербито во Мадрид, беа извршени низа тестови и проценки од страна на специјалисти и тие утврдија дека тој има трауматска повреда на мозокот со субдурален хематом“, се вели во соопштението на Атлетико Мадрид.
Во соопштението за медиумите се наведува дека опоравувањето на шпанскиот дефанзивец и неговото враќање во тимот ќе биде извршено според протоколите за ваков тип на повреда.
Ле Норман (27) летово дојде во Атлетико Мадрид од Реал Сосиедад, откако со репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА