ГОГ Гудме приреди вистинска сензација на гостувањето против Висла Плок победувајќи со 34-35, со што направи голем чекор напред кон следната фаза во Лигата на шампионите.
Данците до победата дојдоа во последната секунда со голот на Расмусен. По оваа победа Гудме има две победи повеќе од македонскиот шампион Е. Пелистер, со што за битолчани сведени се на минимум шансите за пласман во следната фаза.
Иако Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме имаат меѓусебен дуел во Данска, ривалите се на „плус два“. На шестото, последно место кое води во следната рунда е ПСЖ, кој го очекува меч со Загреб и во кој „светците“ важат за фаворити.
Е. Пелистер во следното коло во Битола ја пречекува Висла Плок а македонскиот шампион го чека и гостување токму против ГОГ Гудме во Данска. Покрај овие два меча Пелистер игра дома со ПСЖ и против Барселона на гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

