Американскиот кошаркар Шејн Ларкин заработи повреда на препоните за време на натпреварот на Ефес против Баерн во 11. коло од Евролигата, а сега е познато колку долго ќе отсуствува искусниот дефанзивец.
Тренерот Игор Кокошков ќе биде принуден да игра во следните осум недели без својата прва ѕвезда која ќе биде надвор од терените сигурно до крајот на годината. Повредата се случи веќе во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес на крајот го доби против Баварците.
Ларкин успеа да стане по падот, но неговата гримаса брзо укажуваше дека станува збор за проблем од посериозна природа. Турскиот репрезентативец претрпе повреда на тетивата во препоните на левата нога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

