Лоши вести за Гвардиола: Родри во „аут“ најмалку до крајот на седмицата

Пеп Гвардиола нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите и најзначајните фудбалери во својот состав, Родри и во престојните натпревари против Вилјареал и Астон Вила.

Оваа вест ја потврди и шпанскиот стратег изјавувајќи лоши вести за навивачите на Манчестер Сити.

Шпанскиот играч за врска веќе подолго време има проблеми со повреда. 29-годишникот го пропушти најголемиот дел од минатата сезона поради тешка повреда на коленото, а и покрај тоа што се рехабилитираше побрзо од очекувањата заработи нова на стартот на оваа сезона.

Се вчитува...