Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, најверојатно заработи тешка повреда на натпреварот против Рома (4-3) синоќа. Фудбалерот во 31. минута лошо згазна и мораше да го напушти теренот, поради сериозните болки.
Првичните информации велат дека се работи за сериозна повреда на коленото. На објавеното видео се гледа дека левото колено се искривува додека се обидува да се сврти и да падне на теренот. Се работи за кинење на лигаментите на коленото, а ова е последната вест по информацијата дека има истегнување на лигаментите на коленото.
Прегледите и резултатите ќе треба да покажат детално за каква повреда се работи и да се постави точна дијагноза, се вели во информацијата објевна од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА