Лоши вести за Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, е суспендиран за следните два натпревари од Серија А поради директниот црвен картон кој го доби на натпреварот против Монца.

Како што објави дисциплинската комисија на Серија А, Јилдиз (19) ќе мора да плати и 10 илјади евра покрај суспензијата од два натпревари.

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, затоа нема да може да смета на Турчинот на гостувањата кај директните ривали во трката за Лигата на шампионите, Болоња на 4 мај и Лацио на 10 мај.

Кенан Јилдиз доби црвен картон во судиското продолжение од првото полувреме против Монца поради груб прекршок.

Се вчитува...