Лоши вести за Кевин Пантер и Барселона

Кошаркарот на Барселона, Кевин Пантер заработи повреда на левото рамо во шпанскиот Копа дел Реј.

Американецот постигна седум поени за само 12 минути на паркетот, по што не можеше да им помогне на соиграчите во поразот од Тенерифе (91-86).

Пантер го напушти теренот во текот на третата четвртина.

„Лоши вести, вознемирувачка повреда“ – рече тренерот на Барса, Жоан Пењароха, веднаш по мечот, најавувајќи дека извесен период ќе остане без својот најдобар кошаркар сезонава кој има просек од 16,5 поени, 3,2 асистенции, 2,2 скока и 1,2 украдени топки.

Следниот натпревар на Барселона во Евролигата е против Реал Мадрид на 27 февруари.

Се вчитува...