Лоши вести за Конте: Клучен играч ги скина лигаментите и паузира шест месеци

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бетанкур ги скина лигаментите и ќе паузира најмалку шест месеци. Уругваецот се повреди на натпреварот против Лестер во саботата, а дека ситуацијата е сериозна можеше веднаш да се претпостави, со оглед дека играчот од средниот ред вриштеше од болка.

Поранешниот играч на Јувентус оди на операција веќе оваа недела, а потоа почнува со долго опоравување.

Ова е нов проблем за Антонио Конте, кој пред една недела остана и без услугите на голманот Уго Лорис. Тоа се сериозни проблеми пред натпреварот со Милан во Лигата на шампионите.

Се вчитува...