По Тотенхем коронавирусот го погоди и Лестер. Англискиот состав пријави седум позитивни случаи на коронавирус кои не отпатуваа за Италија во пресрет дуелот со Наполи во последното коло од групата фаза во Лига Европа.
Лошите вести за Лестер се воедно и добри вести за Наполи на нашиот Елиф Елмас кој во денешниот дуел мора да слави доколку сака да се најде во следната фаза од второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа.
Како потсетување, по пет одиграни средби неаполитанците се наоѓаат на третата позиција на табелата со седум освоени бода колку што има и Спартак Москва, еден помалку од водечкиот Лестер и еден повеќе од четврттопласираната Легија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА