Лоши вести за Милевски: Миовски се пожали на повреда, неизвесен за ноемвриските мечеви во Лигата на нации

Фудбалерите на Жирона стигнаа до победа на домашен терен од 4-3 на Легањес во неверојатниот натпревар како дел од 12. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.

Повторно одличен настап имаше нашиот Бојан Миовски кој во 60. минута изнуди пенал, но поради повреда на скочниот зглоб мораше да го напушти мечот. Дополнителните прегледи ќе ја покажат тежината на повредата на нашиот репрезентативец и за тоа дали ќе може да му биде на располагање на селекторот Боби Милевски за дуелите од Лигата на нации на домашен терен против Летонија и Фарски острови.

„Знам дека сакаше да го изведе пеналот. Го боли скочниот зглоб, сакав да го изведе пеналот и многу ми е жал, но мислам многу на здравјето на играчите. Лекарскиот тим рече дека скочниот зглоб  на Миовски е оштетен и не сакавме да ризикуваме повеќе од потребното“, рече тренерот на Жирона.

Се вчитува...