На новиот состанок на клубовите во АБА лигата донесена е одлука само шампионот на АБА2 да избори промоција во јадранската елита и да нема бараж помеѓу последно пласираниот од АБА и тимот што најдалеку ќе стигне во доигрувањето, а нема да биде од Србија, секако во случај ако српски тим биде најдобар на крајот за што шансите се огромни.
Со оваа одлука шансите на македонскиот шампион МЗТ Скопје за враќање меѓу најдобрите во регионот ќе биде уште потешко.
На состанокот повторно не присуствувале Партизан и Будуќност, поради што постои надеж дека и овие одлуки нема да бидат официјализирани, особено за делот за баражот бидејќи досега немало случај непосредно пред стартот на плеј-офот да се менува нешто што е договорено претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА