Лоши вести за Наполи и Македонија: Повреда на Елиф Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од првата минута на денешната средба против Сасуило, но мораше предвреме да го напушти теренот.

Елмас во 56. минута од средбата беше принудно заменет откако се пожали на повреда и не можеше да го продолжи натпреварот.

Повредата на Македонецот доаѓа во незгоден момент кога Наполи е во трка за првата позиција на табелата, а и за Македонија која на крајот на месец март ја очекува натпревар против Данска во баражот за место на Светското првенство.

Се вчитува...