Кошаркарот на Олимпијакос Томас Волкап се повреди на четвртфиналниот натпревар од Купот на Грција против Кардицас. Тимот од Пиреја го доби овој натпревар со резултат 71:54.
Грчкиот репрезентативец почувствува болка во грбот, па мораше предвреме да го напушти теренот. Тој одигра неполни пет минути кога мораше да го напушти теренот, па не е познато колку ќе паузира.
Олимпијакос во полуфиналето игра против ПАОК, додека во вториот меч Панатинаикос игра против Промитеас. Најверојатно Вокап нема да се врати навреме ниту за следниот меч во Евролигата против Виртус Болоња нагости, кој е на програмата на 28. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

