Лоши вести за Панатинаикос, еден од клучните играчи мора на операција

Панатинаикос во следниот период ќе биде ослабен во настапите во Евролигата. Според последните информации од тимот од Атина, Мариус Григонис нема наскоро да се врати на теренот, и ќе мора на операција.

30-годишниот дефанзивец веќе отсуствува месец и половина поради проблеми со грбот. Засега лечењето не даде резултати, па Литванецот оваа недела ќе аврши на операција.

Прогнозите за враќање на теренот засега не се познати.

Григонис се обиде да тренинра во вторникот, но поради болки се откажа. Овој кошаркар дојде во Атина од ЦСКА Москва во 2022 година.

Се вчитува...