Натпреварот против Виртус Болоња покрај пораз донесе и лоши вести за Жељко Обрадовиќ и навивачите на „црно-белиот“ српски евролигаш.
Дел од тимот во следните десет дена нема да биде одличниот бек Карлик Џоунс кој заработи повреда во последната четвртина од средбата против Италијанците.
Според српските медиуми станува збор за истегнат зглоб на ногата кој ќе го оддалечи од терените за натпреварот против Крка во АБА лигата како и средбите против Монако и Фенербахче во престојното двојното коло од Евролигата.
Доколку се помине во најдобар можен ред камбекот на репрезентативецот на Јужен Саудан се очекува за средбата против Париз на 7. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА