Лоши вести за Партизан: Ѕвездата на Андолу Ефес ќе настапи против „црно-белите“

Десеттото коло од Евролигата на Партизан му носи гостување во Истанбул кај Анадолу Ефес во петок од 18 часот и 30 минути. А, и покрај тоа што навивачите на „црно-белите“ се надеваа дека нивниот тим ќе има полесна задача на оваа средба со оглед на повредата на еден од најдобрите противнички играчи, тренерот Ерден Чан денеска соошти добри вести за навивачите на турскиот тим.

Очекувањата беа дека Шејн Ларкин ќе ја пропушти средбата поради повреда на прстот, но одличниот Американец со турски пасош ќе биде дел од спектаклот во „Синан Ердем“.

„Не е тајна дека имаме проблем со повреди во последно време. Нашите повредени играчи Тибор Плајс и Елајџа Брајант нема да играат против Партизан, но и покрај повредата Шејн Ларкин ќе биде дел од тимот“, изјави Чан.

Се вчитува...