Лоши вести за Пеп: Кевин де Брујне минимум три месеци надвор од терените

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне, ќе биде надвор од терените три месеци. Ова го истакна менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, на прес-конференција пред натпреварот од Суперкупот на Европа против Севилја.

„Тоа е сериозен проблем за нас. Мораме да одлучиме дали ќе се оперира или не, но тој ќе биде надвор од теренот неколку месеци. За начинот на лекување ќе одлучи лекарскиот тим во наредните неколку дена. Но, јас знам дека нема може да игра три или четири месеци“, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...