Големи се шансите Рафаел Надал сезонава да не ја брани титулата на Ролан Гарос. Откако се уште нема настапено на ниту еден турнир во сезоната на земјена подлога, под знак прашалник е неговиот настап и на вториот гранд-слем во сезоната.
Шпанецот тренира пред турнирот во Париз, но последното видео не дава позитивни вести. Тој во големи болки го одработи последниот тренинг, по што тенис експертите во светот не веруваат дека би бил подготвен за турнирот во „Булоњската шума“ кој на програмата е од 27. мај.
60-70% sure no Nadal at RG 😞 pic.twitter.com/XTlemQ9xiN
— Vansh (@vanshv2k) May 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

